• недела, 22 декември 2024

Ципрас : Владата на Мицотакис е неспособна и опасна за справување со пандемијата

Ципрас : Владата на Мицотакис е неспособна и опасна за справување со пандемијата
Атина, 13 јули 2021 (МИА) – Владата на Мицотакис не само што се покажува неспособна да управува со ваква критична ситуација, туку е и опасна, опасна бидејќи ги става идеологиите, интересите, профитот над животот на луѓето, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас од Солун и истакна дека ситуацијата е сериозна и не смеат да ѝ дозволат на актуелната Влада да го подели грчкото општество, јави дописничката на МИА од Атина. -Од овде, од Солун, сакам да испратам, да испратиме сите заедно, со вашето присуство, да испратиме една јасна порака: работите се премногу сериозни за да го оставиме господинот Мицотакис да го подели и распарчи грчкото општество. А пораката што ја испраќаме денес е: До тука! Доста е! Немаме право да дозволиме, не можеме и нема да дозволиме лагите, репресијата и корупцијата да станат нормалност во земјата и да продолжат безгрижно да уживаат во летни викенди со 13.000 мртви во земјата, порача Ципрас. Додаде дека на Грција „во овој тежок момент“, потребно ѝ е лидерство кое може да го убеди и обедини народот и истакна дека Мицотакис, со неговите постапки во минатото, веќе го загуби неговиот кредибилитет. -Ни продаваат наводно враќање во нормала и во голем и силен раст, а знаат дека економијата веќе ја извадија од шините и планираат нагло слетување. Освен ако не сметаа на нешто друго, како што е нивната вообичаена тактика. На исплашеното општество да му​​ ветуваат работи што не можат да ги исполнат, за да одат на предвремени избори, среде пандемија за можеби да се спасат од падот, пред пресудата на народот, рече Ципрас и додаде дека ако Мицотакис размислува на такво нешто, СИРИЗА е подготвена и го чека, но го чека и „големо изненадување“. Во однос на пандемијата Ципрас,рече дека на располагање се три оружја: зајакнување на здравствениот систем, искористување на сите можни, па дури и експериментални фармацевтски програми тешко болните и вакцината, за да се изгради имунитетот на населението. ср/зш/

Остани поврзан