• недела, 22 декември 2024

Ципрас бара одговори од Мицотакис за ручекот на Икарија

Ципрас бара одговори од Мицотакис за ручекот на Икарија
Атина, 8 февруари 2021 (МИА) – Дали смета дека однесувањето е во согласност со рестриктивните мерки кои ги соопштија тој самиот и неговата Влада, но и што има да им каже на граѓаните кои ги почитуваат мерките за заштита на јавното здравје, но и под закана со казни, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас го прашува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за ручекот во саботата на островот Икарија во домот на пратеник од Нова демократија, на кој имаше најмалку 20 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас испрати пратеничко прашање на тема „Прекршување на рестриктивните мерки за заштита на јавното здравје од премиерот Кирјакос Мицотакис“ и освен што од грчкиот премиер бара одговор дали неговото однесување е согласно актуелните рестриктивни мерки, го прашува и што има да им каже на угостителите „кои се во очај и без никаква поддршка од Владата“. -Додека земјата се наоѓа во третиот бран на пандемија, грчката економија пропаѓа, а Владата пред неколку дена, најави построги ограничувања за Атина и Солун, со полициски час од 18 часот, а угостителството е затворено цели четири месеци господинот Мицотакис при неговото неодамнешно патување на Икарија присуствуваше на ручек организиран во домот од пратеникот од НД г-дин Стефанадис, со учество на десетици членови и пријатели на Нова демократија и на Владата, што беше потег на неверојатна ароганција, која во кој во било која друга земја ќе предизвикаше голема владина криза, пишува Ципрас во пратеничкото прашање. Ручекот на Мицотакис на балконот на домот на пратеникот Христодулос Стефанидис на Икарија, предизвика реакции во Грција, а алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, прашана за  конкретниот случај рече дека треба вниманието да биде на суштината на посетата на островот. ср/

Остани поврзан