ЦИК ја регистрира Македонската алијанса за европска интеграција за учество на парламентарните избори
- Централната изборна комисија, ЦИК, објави дека е прифатено барањето на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и веќе е регистрирана, за учество на парламентарните избори што, во Албанија, ќе се одржат на 11 мај.

Дебар, 23 февруари 2025 (МИА) - Централната изборна комисија, ЦИК, објави дека е прифатено барањето на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и веќе е регистрирана, за учество на парламентарните избори што, во Албанија, ќе се одржат на 11 мај.
-Централната изборна комисија на состанок одлучувајќи по барањето за регистрација на МАЕИ да учествува на парламентарните избори во Република Албанија и истиот го прифати, со што таа е една од 22 политички партии кои се регистрирани за учество на изборите, стои во објавата на комисијата.
Барањето со сите потребни документи, како што претходно изјави за МИА, лидерот Васил Стерјовски, беа доставени на 21 месецов, што беше во рамки на предвидениот рок со изборниот законик, кој завршува на 25 месецов, по што следува рок за пријавување на коалиции.
- Засега немаме став дали самостојно ќе одиме на изборите или ќе бидеме дел од некоја изборна коалиција. За тоа секако одлука ќе донесе највисокото партиско раководство, додаде тој.
МАЕИ како политички субјект, во судскиот регистар, е запишана на 8 јуни 2005 година. Првпат како политички субјект учествуваше на локалните избори во 2007 година, од кога редовно е дел од секој изборен циклус. вт/дма/
Фото: Принтскрин