• вторник, 24 декември 2024

ЦИК со конечни резултати од парламентарните избори во Бугарија - победник е „Промените продолжуваат“ 

ЦИК со конечни резултати од парламентарните избори во Бугарија - победник е „Промените продолжуваат“ 
Софија, 16 ноември 2021 (МИА) – Лево-центристичката коалиција, предводена од двајцата поранешни министри во преодната бугарска Влада, Кирил Петков и Асен Василев, „Промените пшродолжуваат“, е победникот на предвремените парламентарни избори, покажуваат конечните резултати на Централната изборна комисија по обработени 100 отсто од изборните протоколи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за „ПП“ гласале 25,67 отсто од гласачите, ГЕРБ е втора со 22,74 отсто, а ДПС доби 13,00 отсто, додека БСП останува четврта со 10,21 отсто од гласовите. „Има таков народ“ е на петтото место со 9,52 отсто од гласовите, а во новоизбраното 47. Народно собрание влегуваат уште две партии - „Демократска Бугарија“ со 6,37 отсто и „Преродба“ со 4,86 отсто од глчасовите. На претседателските избори прв по првиот круг од гласањето со 49,41 отсто од гласовите е актуелниот шеф на државата, Румен Радев. Независната претседателска двојка Анастас Герџиков и Невјана Митева, поддржани од ГЕРБ-ДПС е на второ место со 22,82 отсто, што значи дека ќе се појават во вториот круг в недела на 21 ноември. нк/сд/

Остани поврзан