• недела, 28 јули 2024

Циклонот Јас усмрти најмалку пет луѓе во Индија

Циклонот Јас усмрти најмалку пет луѓе во Индија
Њу Делхи, 27 мај 2021 (МИА) - Најмалку пет луѓе загинаа, а илјадници останаа без своите домови откако циклонот Јас го погоди источниот брег на Индија. Циклонот беше пропратен со високи бранови и ветер со брзина од 155 километри на час. Индиските власти наредија евакуација на околу половина милион луѓе пред налетот на циклонот Јас во Бенгалски Залив, во индиските држави Источен Бенгал и Одиша. Најмалку 155 луѓе загинаа минатата недела во налет на циклонот Тауктае во западниот дел на Индија. ми/

Остани поврзан