• петок, 27 декември 2024

ЦИВИЛ: Време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија

ЦИВИЛ: Време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија
Скопје, 1 мај 2020 (МИА) - Овој ден е посветен на работничкиот протест и на гласните барања да се престане со нечовечниот и експлоататорски однос кон работничките и работниците, порача ЦИВИЛ во денешната честитката по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 Мај. Центарот за слобода ги повикува синдикатите, граѓанските организации, политичките партии да се вклучат во борбата за социјална правда и работнички права. -Првата и најголема жртва на економските последици од пандемијата се токму работничките права. Затоа, не е доволна само политичката волја и мерките на владата, туку вклучување на целото општество. Крајно време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија. Уште поважно од тоа е да не се користи економската криза како изговор за намалување на работничките права, туку нивно унапредување, на сметка на дебелите профити на капиталистите, се вели во честитката на ЦИВИЛ. ЦИВИЛ ги повикува работничките и работниците да пријавуваат кршење на нивните права, мобинг и дискриминација.бт/бк/

Остани поврзан