• четврток, 26 декември 2024

ЦИВИЛ отвори повик за мобилни краткорочни изборни набљудувачи на изборниот процес 2024

ЦИВИЛ отвори повик за мобилни краткорочни изборни набљудувачи на изборниот процес 2024

Скопје, 2 април 2024 

ЦИВИЛ отвори повик за мобилни краткорочни изборни набљудувачи на изборниот процес 2024 година. Рокот за пријавување за краткорочни изборни набљудувачи во составот на ЦИВИЛ е до 8 април, 20 часот.

Според стандардите на ЦИВИЛ, функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА


За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Рок за пријавување: 8 април, 20 часот.
„Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале во претходните активности на организацијата“, соопштува организацијата и додава дека набљудувачите се стекнуваат со можност за работен ангажман и во идните проекти на ЦИВИЛ.

Пријавувањето е онлајн, преку ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА. Сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија имаат право да бидат изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, со исклучок на претходно активно вклучени лица во изборниот процес.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан