• четврток, 26 декември 2024

Центрите за мигранти во Албанија ќе профункционираат на 20 мај

Центрите за мигранти во Албанија ќе профункционираат на 20 мај

Тирана, 25 март 2024 (МИА) - На 20 мај, во Албанија ќе профункционират центрите за мигранти, што е врз основа на догоровор, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа премиерите на Албанија и на Италија, Еди Рама и Џорџа Мелони.

Италијанската влада го одреди овој датум, 20 мај, кога ќе го изврши првиот трансфер на групи кои илегално влегле од Африка и бараат азил.

-Структурите во центрите, кои ќе ги пречекуваат мигрантите, во центрите, кои доаѓаат од Италија ќе профункционираат на 20 мај. Ова се предвидува во огласот објавен на 21 март од префектурата Рим, според кој се планирани 3 точки за прием и враќање на мигрантите. Во нив нема да бидат прифаќани малолетни лица и бремени жени, јавија албанските медиуми.

Додаваат дека договорот, промовиран од владата на Рама и Мелони и жестоко оспоруван од албанската и италијанската опозиција, предвидува дека на албанска територија ќе се градат структури за сместување на барателите на азил кои пристигнале на италијанскиот брег или италијанските служби ги спасиле на море.

-Планот предвидува изградба на три центри во околијата Лежа. Првиот прифатен пункт ќе биде во пристанишниот град Шенѓин, кој ќе се користи само за првична здравствена проверка и прибирање барања за азил, каде што ќе има најмногу 880 места и два други центри во Ѓадр каде мигрантите ќе треба да чекаат одговор на нивното барање за азил или евентуална репатријација, теоретски најмногу 28 дена, посочуваат медиумите.

Договорот има важност од 5 години со можност за негово продолжување. Центрите, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра. Италијанскиот Сенат договорот го ратификува на 15 минатиот месец, додека албанскиот парламент седум дена подоцна, само со гласовите на владејачката Социјалистичка партија. вт/

Фото: Рама ФБ

Остани поврзан