• среда, 25 декември 2024

Централна банка на Албанија ја зголеми каматната стапка за 0,25 отсто

Централна банка на Албанија ја зголеми каматната стапка за 0,25 отсто

Тирана, 1 ноември 2023 (МИА) - Централна банка на Албанија денеска ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа сега изнесува 3,25 отсто.

Гувернерот Гент Сејко одлуката ја аргументира со фактот дека „кризата со цените продолжува силно да се чувствува".

Последното зголемување на основната каматна стапка, со идентичен процент од 0,25 беше во март кога од 2,75 се зголеми на три проценти „како чекор да се обезбеди економска и финансиска стабилност во земјата“.

- Надзорниот одбор на Банката исто така одлучи за зголемување на еднодневната кредитна каматна стапка за 0,25 отсто со што ја доведува на ниво од 4,25 отсто. Ја зголеми и еднодневната депозитарна каматна стапка за 0,25 отсто и сега изнесува 2,25 отсто, рече Сејко.

Банката предвидува во втората половина на следната година нивото на инфлација да достигне три отсто.

Според последно објавениот податок, кој се однесува за септември, според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) нивото на инфлација изнесуваше 4,1 проценти што беше за 0,1 отсто повисока од август. вт/мс/ 

Фото: сајт на ЦБ 

Остани поврзан