• сабота, 23 ноември 2024

Централната банка на Русија ги ограничи исплатите

Централната банка на Русија ги ограничи исплатите
Москва, 9 март 2022 (МИА) – Централната банка на Русија соопшти дека на граѓаните со девизни сметки нема да им биде дозволено да подигнат повеќе од 10.000 долари. Одлуката ќе важи до 9 септември. Сè што е над таа сума ќе се плаќа во рубљи по пазарен курс. Ова е еден од низата чекори што банката ги презеде како одговор на странските санкции кои доведоа до превирања на рускиот финансиски пазар. јт/

Остани поврзан