• четврток, 26 декември 2024

Централен митинг на Коалицијата „Сега е време“ во Струга

Централен митинг на Коалицијата „Сега е време“ во Струга

Скопје, 4 јули 2020 (МИА) - Коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг во Струга.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на митингот меѓу другото зборуваше и за идејата на, како што рече, Заев и Мицкоски за размена на пратеници за да не бидат условени од Албанците да формираат влада.

- Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе создадеме нашата албанска влада, рече Села од Струга.

Претходно, лидерите на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши беа во Лабуништа. дма/сст/

Остани поврзан