• четврток, 05 март 2026

ЦЕНТКОМ: Кувајтската ПВО по грешка соборила три американски борбени авиони „Ф-15 Страјк Игл“

ЦЕНТКОМ:  Кувајтската ПВО по грешка соборила три американски борбени авиони „Ф-15 Страјк Игл“

Вашингтон, 2 март 2026 (МИА)  - Системите за против-воздушна одбрана на кувајтската армија по грешка соборија три американски борбени авиони „Ф-15 Страјк Игл“, објави денеска Централната воена команда на САД-ЦЕНТКОМ  (CENTCOM).

„За време на активните борбени операции против иранските воени авиони, балистички ракети и беспилотни летала, кувајтските воздухопловни сили по грешка соборија три американски борбени авиони. Сите шест члена на екипажот се катапултираа, безбедно се евакуирани и се во стабилна состојба. Кувајт го призна овој инцидент. Благодарни сме за напорите на кувајтските одбранбени сили и нивната поддршка во оваа тековна операција“, се наведува во соопштението на CENTCOM, пренесува Си-Ен-Ен.

Министерот за одбрана на Кувајт рано утринава потврди дека биле соборени „неколку американски борбени авиони“ што летале во поддршка на воената операција против Иран наречена операција „Епски бес“.сд/ми/

Фото:МИА архива

Остани поврзан