• четврток, 19 декември 2024

Центар за вработување предвидено да се отвори во Теарце

Центар за вработување предвидено да се отвори во Теарце

Тетово, 12 мај 2021 (МИА) - Општина Теарце ќе обезбеди простор каде ќе се воспостави локален Центар за вработување како дел од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. За ова договор постигнаа директорот на Агенцијата, Абдуш Демири и градоначалникот Исен Асани.

- Целта на состанокот беше да се разговара за можноста за отворање на Центар за вработување во Општина Теарце со цел да се обезбедат услугите на Агенцијата за вработување што е можно поблиску до граѓаните. Градоначалникот Исен Асани изрази подготвеност да помогне во обезбедувањето простор за Агенцијата за вработување, што ќе им олесни на жителите на Теарце да ги добиваат услугите обезбедени од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. На крајот од состанокот се согласивме да ја интензивираме заедничката посветеност овој центар да стане функционален и да биде што поскоро во служба на граѓаните, информираа од Општина Теарце.

Минатата 2020 година во тетовскиот регион канцеларии на Агенцијата за вработување се отворија во руралните општински центри Брвеница, Јегуновце и Желино.ас/фф/

Остани поврзан