Центарот на Куманово без струја, екипите на Електродистрибуција го санираат дефектот
- Центарот на Куманово е без струја, екипите на Електродистрибуција го санираат дефектот, соопштија денеска од ЕВН.

Куманово, 14 април 2024 (МИА) - Центарот на Куманово е без струја, екипите на Електродистрибуција го санираат дефектот, соопштија денеска од ЕВН.
-При изведување на работни активности од страна на друг субјект кој извршувал градежни работи за свои потреби, се искинати два подземни среднонапонски кабли кои се во сопственост на Електродистрибуција. Како резулатат на тоа, без снабдување со електрична енергија остана централното градско подрачје на Куманово.
Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација на дефектот, соопштија од ЕВН. Оттаму наведуваат дека Дел од корисниците веќе имаат снабдување со електрична енергија, а екипите продолжуваат со префрлување на останатите корисници на алтернативни напојни точки.ам/са/
Фото: МИА