• недела, 24 ноември 2024

Центарот за социјална работа во Скопје со нова канцеларија во Чаир

Центарот за социјална работа во Скопје со нова канцеларија во Чаир
Скопје 5 март 2022 (МИА) - Директорот на Центарот за социјална работа во Скопје Лиридон Бафтији, денеска на прес-конференција информира дека Центарот од денеска има нова канцеларија и во населба Чаир. - Со оглед на тоа колку е далеку Центарот за социјални работи од територијата на Чаир, и со оглед на условите на тие категории на наши граѓани кои обично немаат средства да патуваат толку далеку за да ги добијат нашите услуги, ние одлучивме новиот центар да биде што поблиску до граѓаните на Општина Чаир, рече Бафтији. На денешното отворање на центарот, на која присуствуваше и министерот за здравство Беким Сали, Бафтији информираше дека новиот центар ќе служи само за издавање и подигање на документи. - Се работи за документи за социјални права и за децата. Но, во случај на потреба од повеќе информации граѓаните повторно ќе треба да се јават на стариот центар во Бутел, рече директорот на Центарот за социјална работа во Скопје. Тој додаде дека центарот во Чаир е финансиран од страна на Министерството за социјална работа и политика и подвлече дека имале средба и со градоначалникот на Општина Чаир од кого не ја добиле ветената поддршка.сх/са/

Остани поврзан