• сабота, 09 ноември 2024

Цените на производите во грчките супермаркети намалени за речиси два отсто во споредба со лани

Цените на производите во грчките супермаркети намалени за речиси два отсто во споредба со лани

Атина, 4 јули 2024 (МИА) – За 1,92 отсто во просек се намалиле цените на производите во супермаркетите во Грција во јуни годинава споредбено со истиот месец лани, согласно резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми намалувања на цените биле регистрирани кај свежото овошје и зеленчук (за 10,66 отсто), детергентите и средствата за чистење (за 6,13 проценти), кај козметиката и средства за лична хигиена (5,05 отсто), како и кај храната за храна домашни миленици и јајцата и путерот (под пет проценти).

Намалувањето на цените на свежото овошје и зеленчук, според ИЕЛКА се должи на релативно подобрите временски услови во однос на 2023 година, а на останатите категории поради нормализирањето на пазарот по пандемијата и на намалувањето на производните цени на некои производи.

Од друга страна, зголемувања на цените имало кај свежите риби и морски плодови, бисквитите, чоколадите и алкохолните пијалаци.

Во истражувањето биле вклучени 23 категории, од кои 13 бележат намалување, а 10 зголемување на цените.ср/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан