• четврток, 26 декември 2024

Цената на златото достигна нов историски максимум од 2.365 долари за унца

Цената на златото достигна нов историски максимум од 2.365 долари за унца

Лондон, 9 април 2024 (МИА) - Цената на златото на светските берзи денеска се зголеми на ново историски највисоко ниво од 2.365,39 долари за унца, што значи дека неговата цена од почетокот на годината порасна за 14 отсто.

Златото традиционално се смета за безбедно засолниште за капиталот во тешки времиња и како заштита од инфлација, пишува „Гардијан“.

Аналитичарите наведуваат дека цените на златото се зголемиле поради геополитичките тензии и војните во Украина и на Блискиот Исток, кои поттикнале некои трговци да инвестираат во златни шипки. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан