• недела, 24 ноември 2024

ЦЕМИ по 65 отсто од преборените гласови: Движењето Европа во тесно водство пред ДПС

ЦЕМИ по 65 отсто од преборените гласови: Движењето Европа во тесно  водство пред ДПС

Подгорица, 11 јуни 2023 (МИА) - Првите прелиминарни резултати од вонредните парламентарни избори во Црна Гора, објавени вечерва од Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), покажуваат дека битката за првата позиција се води меѓу Движењето Европа сега, предводено од Милојко Спајиќ, и „ Заедно“, чиј столб е Демократската партија на социјалистите (ДПС), која сега ја предводи Данијел Живковиќ.

Според преброени 65,2 отсто од гласовите, Движењето Европа сега (ПЕС) е на прво место со 25,5 отсто од гласовите, односно 23 мандати , додека на второ место е листата предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) со 23,4 отсто од гласовите, односно 21 мандат.

Најголемата борба се води меѓу овие две политички опции, а конечните резултати ќе бидат познати во следните половина час. Сепак, треба да се има предвид дека ова е првпат ПЕС да учествува на парламентарни избори, додека ДПС на последните избори во 2020 година освои 35,06 отсто од гласовите. Тогаш носител на листата беше Мило Ѓукановиќ, кој неодамна беше поразен на претседателските избори.

Листата „За иднината на Црна Гора“, чиј столб е Демократскиот фронт (ДФ) , има 15,5 отсто од гласовите, односно 14 мандати. Следува списокот „Алекса и Дритан - Храбро брои“ со 12,5 отсто, односно 11 мандати.

Бошњачката партија во моментов има седум отсто или шест мандати, зад неа е коалицијата на Социјалистичката народна партија (СНП) и Демос со 3,5 отсто или три мандати.

Албанскиот форум има 1,9 отсто, односно еден мандат. Еден мандат имаат и Албанската алијанса и Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ). Другите листи сè уште немаат освоено ниту едно место. сд/

фото: архива

Остани поврзан