• четврток, 26 декември 2024

Целосно решен проблемот со отпадните води во делчевските населби Полето и Басарицa

Целосно решен проблемот со отпадните води во делчевските населби Полето и Басарицa
Делчево, 10 ноември 2020 (МИА) - Заврши изградбата на последниот крак од фекалната канализација во делчевската населба Басарица. Со активностите кои опфаќаа изградба на фекална канализација во должина од 290 метри, како што информираа надлежните, целосно е решен проблемот со отпадните води во населбите Полето и Басарицa. -Екипите на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ ја завршија изградбата на последниот крак од фекалната канализација на потегот Басарица - село Полето. Станува збор за изградба на фекална канализација во должина од 290 метри и поврзување на системот на населбата Басрица и колекторот. Со овие градежни зафати комплетно се реши проблемот со отпадните води во делот на Басарица и село Полето, информираа наделжните. Минатата година на потегот Басарица-с.Полето, како што додадоа беше изградена фекална канализација во должина од два километри. -Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, додека ДДВ-то во висина од 18 проценти ќе биде платени од општински средства, додадоа надлежните. Инвестицијата за изградба на последниот крак од фекалнта канализација во Басарица е на Општина Делчево, а работите ги извршува ЈКП „Брегалница“. вс/аа/

Остани поврзан