• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Целосно реконструиран патот Ресава – Дабниште

Целосно реконструиран патот Ресава – Дабниште

Кавадарци, 3 април 2025 (МИА) - Целосно е реконструиран патот Ресава – Дабниште, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Изминатиот период се вршеше реконструкција на пат што води кон село Дабниште во должина од 3.300метри и на површина од 13.400м2, која опфаќаше комплетно вадење на стариот асфалт, поставување на цевасти пропусти, тампонирање и комплетно асфалтирање.

-Инвестиција од Влада на Република Македонија во висина од 25.200.000,00 денари со ДДВ. Изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму најавија и други проекти во урбаните и руралните средини во општината. свд/


Фото : Љупчо Милачов 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан