• сабота, 13 декември 2025

Целосно е променета мрежата на улично осветлување на улицата „11 Октомври" во Велес

Целосно е променета мрежата на улично осветлување на улицата „11 Октомври

Велес,12 декември 2025 (МИА) – Во изминатите денови на улицата „11 Октомври“ во Велес се работеше на промена на подземната инстелација на мрежата на улично осветлување, а беа поставени и нови канделабри и лед светилки, информираат денеска од Општина Велес. Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

Воедно најавија и дека на почетокот на 2026 година, а согласно временските услови, оваа улица ќе биде реконструирана.ад/са/

Фото: Општина Велес

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан