• сабота, 23 ноември 2024

Целибаши: Изборниот ден во Албанија помина во мирна атмосфера

Целибаши: Изборниот ден во Албанија помина во мирна атмосфера
Тирана, 25 април 2021 (МИА) - Наспроти тензичната изборна кампања, денешниот изборен ден во Албанија помина без проблеми. По затворањето на гласачките кутии во 19 часот претседател на Централната изборна комисија (ЦИК), Илирјан Целбаши на прес-конференција не го криеше задоволството од мирниот тек на изборниот процес. - Изборниот ден мина во мирна атмосфера. Денот може да го оцениме како успешен. Проблемите што се појавија околу електронска идентифкација не влаеја врз текот на гласањето. Ваквиот вид идентифкација се случува за првпат тоа во глобала успешно го реалзираме, исто како и електронското гласање во едено избрачко место во Тирана, што беше пилот проект, рече Целибаши. Тој побара смиреност, да не се манипулира со изборни резултати и да се почне веднаш со пребројување на гласачките кутии. Во единствениот избирачки запишани беа 3.588.869 лица со право на глас, од нив 107.024 првпат имаа можност да гласаат. Се гласаше на 5.199 гласачки места во 12 изборни единица, каде треба да бидат збрани 140 пратеници. Според Целибаши иако конечниот процент на излезност не е познат, може да се очекува тој да биде околу 48 отсто. вт/ми/

Остани поврзан