• сабота, 23 ноември 2024

Цела Шри Ланка без струја, се работи на санирање на дефектот во системот

Цела Шри Ланка без струја, се работи на санирање на дефектот во системот

Коломбо, 9 декември 2023 (МИА) - Властите на Шри Ланка соопштија дека има прекин во снабдувањето со електричната енергија на национално ниво. Се работи на обновување на редовното снабдување.

- Снабдувањето со електрична енергија е прекинато низ целата земја поради системска грешка, изјави владин претставник на Шри Ланка. Компанијата ЦЕБ, која управува со електричната мрежа, работи на обновување на редовното снабдување, изјави портпаролот на компанијата.

Локалните медиуми јавуваат дека одредени делови од земјата добиле струја. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан