• среда, 18 декември 2024

ЦЕЕД Хаб Скопје и УСАИД објавија повик за учество во проект за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери

ЦЕЕД Хаб Скопје и УСАИД објавија повик за учество во проект за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - ЦЕЕД Хаб Скопје со поддршка на УСАИД објави повик за учество во проект за подобрување на вештините на жените претприемачи и менаџери чија цел е да се намали влијанието што Ковид-19 го има врз бизнисите водени од жени. Со вклучувањето во проектот, жените сопственички на бизниси и жените на раководни структури во компаниите ќе имаат можност да ги надградат сопствените професионални вештини и да придонесат во подобрувањето и ефикасноста на работењето на организацијата во која работат. Во следните девет месеци ќе бидат организирани тематски работилници за создавање отпорен бизнис и зголемување на продажбата во време на ковид криза, како и менторски сесии со ментори од САД кои ќе им помогнат на учесничките во проектот при надминување на предизвиците во одредени сегменти од работењето. Учеството во проектот овозможува и членство во ЦЕЕД клубот на жени претприемачи со што жените ќе имаат пристап до мрежата од жени кои се соочуваат со исти или слични предизвици при раководење со бизнисот. Во рамки на проектот планирана е и локална поддршка во Вардарскиот, Полошкиот, Пелагонискиот и Југоисточниот регион каде жените претприемачи ќе имаат можност да добијат конкретна поддршка, како и регионална промоција преку порталот за поддршка на жените претприемачи – www.mk. Пријавувањето се врши со испраќање email за интерес на nstojanova@ceed-macedonia.org. бак/са/

Остани поврзан