• среда, 27 ноември 2024

ЦДЦ: Повеќе од осум проценти Американци без здравствено осигурување во 2024 година

ЦДЦ: Повеќе од осум проценти Американци без здравствено осигурување во 2024 година

Вашингтон, 6 август 2024 (МИА) - Повеќе од осум проценти Американци немале здравствено осигурување во првите месеци од 2024 година, покажуваат новите податоци на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Се проценува дека 27,1 милион Американци од сите возрасти биле без здравствено осигурување до март, наведува ЦДЦ, кој ги објавува проценките за покриеност со осигурување на секои три месеци врз основа на резултати од анкета на националната здравствена агенција, пренесува Си-Би-Ес.

Минатата година во овој период бројот на Американци без осигурување бил околу 7,7 проценти. ссм/

фото: архива

Остани поврзан