• среда, 25 декември 2024

ЦДИАМР: Зголемен бројот на антимуслимански расизам во Австрија

ЦДИАМР: Зголемен бројот на антимуслимански расизам во Австрија

Виена, 27 мај 2024 (МИА) - Центарот за документација на исламофобијата и антимуслиманскиот расизам (ЦДИАМР) регистрираше 1.522 случаи на расистички напади врз муслимани во 2023 година, што е највисок број од почетокот на документирањето во 2015 година. Ова го изјави Румејса Дур-Квидер, шефица на центарот, при претставувањето на извештајот во Виена, пренесува австриската новинска агенција АПА.

Зголемувањето на случаите драстично се зголемени по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток, по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Според извештајот, повеќето случаи се регистрирани од октомври до декември. Училиштата се место каде се пријавени најмногу инциденти, истакнува Дуња Халил, раководител на правните консултации во ЦДИАМР. Родители, ученици и наставници сигнализирале за антимуслимански инциденти во образовниот сектор.

Во 2023 година, службата за психосоцијални и правни консултации пријавила 507 случаи, двојно повеќе од претходната година. Две третини од случаите се случиле онлајн, додека останатите - во живо. Повеќето од офлајн случаите се поврзани со дискриминација (40,8 отсто) и навреди (19,5 проценти). Говорот на омраза сочинува 8,9 отсто, а 2,6 отсто се физички напади. Онлајн, 87,8 проценти од случаите вклучуваат говор на омраза.

Жените се особено погодени од антимуслиманскиот расизам, со 50,1 отсто од жртвите, додека 19,5 проценти станува збор за мажи муслимани. За останатите случаи не е утврден полот.

ЦДИАМР предупредува дека вистинскиот број на расистички инциденти е веројатно многу поголем и повикува на поголем фокус кон овој проблем. ссм/

фото: архива

Остани поврзан