• недела, 24 ноември 2024

Цаца Николовска за МИА: Состојбата со уставните измени е однос на Северна Македонија со ЕУ, а не со Бугарија

Цаца Николовска за МИА: Состојбата со уставните измени е однос на Северна Македонија со ЕУ, а не со Бугарија

Скопје, 24 јули 2023 (МИА) – Состојбата во која во моментов се наоѓа Северна Македонија во однос на уставните измени е однос меѓу државава и Европската Унија, а не Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Северна Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски диктат или притисок имајќи предвид на укажаниот однос на нашата држава и ЕУ, е сосема неоснован, вели во интервју за МИА, претседателката на работната група за уставни измени, Маргарита Цаца Николовска.

-За работната група битно беше разгледување на меѓународните документи и преземените обврски што произлегуваат од тие документи.Негласањето на опозицијата за меѓународните документи е нејзина одговорност. Во парламентарната демократија презентирањето на аргументи е главна алатка како што е случај и со дискусија околу тие аргументи, нагласува судијката во интервјуто.  

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој по функција е претседател собраниската Комисија за уставни прашања утре ќе ја отвори седницата, а по усвојувањето на дневниот ред Предлогот треба да биде образложен од страна на предлагачот, по што се очекува да се отвори дебата од страна на пратениците. Пратеничките групи најавуваат дека ќе го искажат својот став во однос на промената на Уставот односно Преамбулата, вклучувајќи ги и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За МИА од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство. 

Интервенциите во Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78, при набројувањето на деловите од народи во државата. Во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. 

На прашањето дали овие измени ќе отворат простор за загрозување на македонскиот идентитет, Цаца Николовска вели дека воопшто не е загрозен и дека и првите уставотворци ја оставиле вратата отворена да се додаваат и други народи. 

-Уште во првиот текст на Уставот, односно на Преамбулата зборот „и другите“ постои, што значи дека не било проблем. Сега јас не знам зошто не се наведени сите, меѓутоа во секој случај додавањето на овие народи во никој случај нема да го загрози идентитетот, додава таа. 

Во однос на стравувањата од нови бугарски блокади, нагласува дека како понатаму ќе се одвиваат работите не било тема на дискусија во работната група.

-Меѓутоа, ние дискутиравме дека  со ваквите промени не може да дојде до загрозување на она што е вредност, сите вредности наведени и во Уставот и во другите меѓународни документи не само овие сега што поминаа во Собрание туку и многу пошироко со тоа што особено внимание се посвети и се дојде до заклучок дека нема шанси со овие измени идентитетот да се менува. На кој начин тој ќе се менува ако ништо друго барем овие што опонираат на ваквите промени треба тоа да го кажат. Исклучиво само зборување без аргументи како што наведов веќе не е резултат на демократија, не е резултат на она што значи заштита на човековите права коишто се и во нашиот Устав, а и многу пошироко по однос на другите држави коишто се членки на Европската унија, нагласува таа.

Во продолжение следува целтото интервју со Маргарита Цаца Николовска:

Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска одржува седница на која на дневен ред е усвојување на деловникот за работа,

Почнува процесот за уставни измени, собраниската Комисија за уставни прашања утре ќе заседава со единствена точка на дневен ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот, согласно преговарачката рамка со ЕУ. Ваша задача како претседател на работната група, заедно со членовите, беше да подготвите предлог иницијатива за потребата од уставни измени, тоа и го сторивте и сработеното го доставивте до Владата. Колку беше тешко или лесно да се состави содржината на текстот, дали имаше единство во неговото носење или можеби спротивставени мислења?

-Имаше аргументација, искажување и дискусија и на крај имајќи предвид дадениот мандат на членовите на работната група по изготвување и прифаќање на Деловникот за работа на работната група го изготвивме текстот и истиот едногласно беше прифатен.  

Под чиј „дикатат“ ги работевте измените, односно ја подготвувавте формулацијата за измени, под бугарски , македонски , под европски ...

-Значи, немаше никаков диктат. Работната група беше стручна и таквите формулации ги дискутиравме и изготвувавме. Сите членови на работната група имаа соодветно искуство и во нивните размислувања тоа искуство беше презентирано.  

Ја видовте ли содржината на текстот што е испратен до Собранието, дали е истиот што вие го испративте до Владата?

-Според моето сознание, тоа е текстот кој што ние го доставивме. Меѓутоа, за посигурно вие можете да се обратите до Собранието и да видите што во суштина содржи самиот текст.  

Во работната група иако повикани, не учествуваа опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но и други опозициски партии, колку тоа ќе се одрази на квалитетот на предлогот, имајќи го предвид ставот на опозицијата дека не прифаќа никакви уставни измени и одбива да обезбеди двотретинско мнозинство?

-Покрај напишаниот текст во Нацрт-предлогот за измени на Уставот сметам дека треба да се потенцираат уште неколку работи кои на некои начин се дискутираат и во Работната група.  Една од работите е во тоа што состојбата во која што сега се наоѓа Република Северна Македонија по однос на уставните измени е однос меѓу Република Северна Македонија, односно државата и Европската унија, а не со Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Северна Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски диктат или притисок имајќи предвид укажаниот однос на нашата држава и ЕУ е сосема неоснован. За работната група битно беше разгледување на меѓународните документи и преземените обврски што произлегуваат од тие документи. Негласањето на опозицијата за меѓународните документи е нејзина одговорност. Во парламентарната демократија презентирањето на аргументи е главна алатка како што е случај и со дискусија околу тие аргументи. Не сакам да зборувам за однесувањето на опозицијата кон оваа состојба. Секој ќе сноси своја одговорност. Република Северна Македонија се покажа како земја со достоинствен пристап кон ова прашање.  

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, со кој треба да се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, по скратена постапка, е

Опозицијата не го дебатира квалитетот на решението, туку не сака воопшто бугарски диктат, како што велат, но имате ли индиректни сознаија од другите експерти и опозицијата колку ова е добро решение како правна формулација ?

-Ние понудивме она што сметавме дека е најсоодветно имајќи го во предвид мандатот што ни беше даден. Точно е дека имаше одредени личности кои не прифатија да бидат членови на работната група. Имаше и вие самите знаете разни изнесувања и причини, меѓутоа она што е важно е дека дел од професорите прифатија после донесување на нашиот предлог и после доставување на текстот до Владата дека не е проблем внесување на Бугарите во нашиот Устав. Тоа е нешто кое што кога беше презентирано до нас работната група ги упати овие предлози да бидат доставени евентуално до Владата заради тоа што нашата работа веќе беше завршена и предлогот веќе беше доставен до Влада.  

Власта уверува дека измените се согласно основните принципи на мултиетничко општество, ние и сега сме  мултиетничко и мултикултирно општество,  Уставот овозможуваше развивање на овој мултиетнички дух, дали новите измени можат да предизвикаат асимилација и бугаризација?

-Мултикултурализмот и културниот карактер, уставната правна традиција на Република Северна Македонија уште во време на Крушевската Република и преку Народноослободителната војна од 1941 до 1944 година, афирмираноста кон заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верски идентитет Република Северна Македонија ја прави држава за почит. Тоа е она што како одговор на овие прашања може да се користи. Во Преамбулата се наведени одредени вредности и активности за создавање на самостојна и суверена држава и одговорност пред идните генерации за зачувување и развој за се што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Република Северна Македонија.  Укажано е на значењето на АСНОМ, Крушевската Република, Референдумот, како и Охридскиот рамковен договор подробно овие работи се објаснети во самата Преамбула и во самиот текст доставен до Влада. Се укажува на одговорност за сегашноста и за иднината на татковината, на свесноста и благодарноста на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба без притоа да се утврдува кој, колку и како ја остваруваме заложбата и борбата за самостојност и суверенитет на сега Република Северна Македонија. Во колку се впуштиме сега после толку години самостојност во оценување и одговор на овие прашања, а од друга страна прифаќањето на реалноста и отворањето на вратата за набројување на други делови од народи тоа би барало одговор на прашањата за оценката на несоодветното однесување на дел од другите наведени народи. Вредностите се наведени и секое однесување спротивно на вредностите во Преамбулата и пошироко во Уставот спротивно на истите државата има инструменти и институти тоа да го санкционира. Треба да продолжиме да се однесуваме достоинствено и да ги почитуваме меѓународните стандарди кои доведуваат до почитување на се она што е вредно и хумано со остварување на правата на секого со цел за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија. Патот е трнлив, да се свртиме кон остварување на нашите цели коишто се вредни и појаки од неупатните зборови на другите.  

Да прецизираме, станува збор за внесување на Бугарите во Уставот, но и на Црногорците, Хрватите, Словенците, Египќаните, Евреите и сега каде е стравот или има простор да се тврди дека овие измени ќе го  загрозат директно македонскиот идентитет?                                                             

-Според мене, македонскиот идентитет и јазик воопшто не е загрозен со овие измени. И првите уставотворци ја оставиле вратата отворена да се додаваат и други народи.

Македонскиот Устав како највисок правен акт на државата досега има претрпено осум амандмански измени. Последната беше во 2019 година кога Собранието со 81 глас „за“ ги изгласа четирите уставн

 Уште во првиот текст на Уставот, односно на Преамбулата зборот „и другите“ постои, што значи дека не било проблем. Сега јас не знам зошто не се наведени сите, меѓутоа во секој случај додавањето на овие народи во никој случај нема да го загрози идентитетот. Ние сме свесни. Ние знаеме како одредени држави се однесуваат сега, држави порано републики во поранешна Југославија како се однесуваат кон македонскиот идентитет и јазик. Ова само укажува дека многу е тешко да опстојува мисла за негирање на идентитет што е лично право, кое што секој има право да го изнесе и нема што тука да се дискутира околу тоа.  Што се однесува до македонскиот јазик тој е веќе влезен како официјален јазик не само во Обединетите нации, меѓутоа и многу пошироко во одредени други меѓународни организации. Внесување на Бугарите и другите народи сега наведени во Преамбулата како дел од народи е резултат на проширување на листата, а основ за тоа е и дадената можност во самиот текст во Уставот, односно Преамбулата зборот „и други“. Значи, уште во време на изготвување на предлог-текстот на Преамбулата дадена е можност оваа листа да се прошири. Проширувањето на листата сега е резултат на неколку основи. Соодветен реципроцитет таму каде што е возможен и прифатлив, преземање на обврските како резултат на водење на дипломатски разговори и произлегување на заклучоците од меѓународните документи. Треба да се напомене и тоа дека лидерот на опозицијата во одредено време пред да се донесат наведените меѓународни догокументи во Собранието на Република Северна Македонија изјавуваше дека не е проблем Бугарите да се внесат во нашиот Устав.  

Каде е тука реципроцитетот конкретно со Бугарија?

-Што се однесува до реципроцитетот со промена во бугарскиот Устав е доведен во прашање заради различитите правни системи по прашање на постоење на малцинства. Во Европа, а и пошироко, ова прашање е различно третирано. Ние како држава одамна сме прифатиле пошироко елаборирање на ваков пристап, полиберален пристап кон овие прашања и сме позитивно оценети како либерална држава што е секако за пофалба. Менувањето на овој пристап сега секако не оди кон демократскиот и либералниот пристап. Не прифаќањето на ова и менувањето води само кон евентуално уназадување на таа демократија. Немаме многу време да елаборираме во што се состои неприфаќањето и во што евентуално би требало наназад да се враќаме, меѓутоа во секој случај битно е да се напомене – негирањето на македонскиот идентитет и јазик од страна на Бугарија секаде беше негативно оценет. Треба да се додаде дека и во Бугарија имаше негирање на официјалната политика на Бугарија и имаше признавање на македонскиот идентитет и јазик и опонирање на официјалната политика на Бугарија.  

Бујар Османи и Никола Димитров, кои денеска ги примопредоадоа функциите на вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи, не очекуваат пречки од соседна Бугарија во процесот

Но стравувањата се пред се поради неверувањето дека Бугарија тука ќе запре со своите условувања на патот на зачленувањето на земјава во ЕУ. Колку овие промени оставаат таков простор?

-Тоа е веќе друго прашање. Јас колку што го слушнав и претседателот Радев прифати и го поздрави ова менување. Како понатаму ќе се однесуваат  работната група како експертска група воопшто не го дискутираше тоа прашање. Меѓутоа, ние дискутиравме дека  со ваквите промени не може да дојде до загрозување на она што е вредност, сите вредности наведени и во Уставот и во другите меѓународни документи не само овие сега што поминаа во Собрание туку и многу пошироко со тоа што особено внимание се посвети и се дојде до заклучок дека нема шанси со овие измени идентитетот да се менеува. На кој начин тој ќе се менува ако ништо друго барем овие што опонираат на ваквите промени треба тоа да го кажат. Исклучиво само зборување без аргументи како што наведов веќе не е резултат на демократија, не е резултат на она што значи заштита на човековите права коишто се и во нашиот Устав, а и многу пошироко по однос на другите држави коишто се членки на Европската унија. Идентитетот како таков е лично својство и лично право како што веќе реков, а за јазикот исто така нема место за сомневање и за страв.

Како експерт дали се чувствавате почесетени што можете да помогнете  со своето искуство  за европска иднина на државата, потврда за професионалноста како што тоа го работите во Стазбур, во Сараево или беше напор со сите притисоци и политички интерпретации во пакет со стравовите и клеветите дека ова е предавство за државата во интерес на Бугарија?

-Моето искуство во Стразбур и искуството во Сараево како меѓународен судија во Уставниот суд на државата Босна и Херцеговина е нешто кое што не само јас што го ценам како огромно и вредно и од многу други луѓе тоа сум го слушнала и за нив, а и за мене како лице кое што работи на оваа материја. Клевети, навреди во ниеден момент не ме поколебаа да не ја прифатам оваа да речам улога на член на работната група и понатаму претседател на работната група особено кога одлуката за ваквите промени беше донесена едногласно. Точно е дека има многу негативни оценки, конотации, меѓутоа тоа не само мене, мислам дека и на сите членови на работната група не им беше проблем да учествуваат исклучиво стручно во работењето без политички или друг вид на притисоци.  

Ана Цветковска

Фото: МИА архива

Остани поврзан