• четврток, 26 декември 2024

Царовска: Условите за работа и движење помеѓу население и условите за движење на учениците во училишниот двор се подеднакви

Царовска: Условите за работа и движење помеѓу население и условите за движење на учениците во училишниот двор се подеднакви
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) - Условите за мене за работа и движење помеѓу население и условите за движење на учениците во училишниот двор се подеднакви, изјави денеска министерката за образование, Мила Царовска. На прашање за тоа каков пример дава на децата со оглед на тоа што на митинзите се појавува без маска, министерката Царовска одговори дека на сите настани на кои била биле на отворен простор. - Сите настани на кои што како министерка, но и како потпретседателка на СДСМ сум учествувала биле надвор во отворен простор, условите за мене за работа и движење помеѓу население и условите за движење на учениците во училишниот двор се подеднакви, рече Царовска. Притоа потсети дека протоколот предвидува носење на маска во затворен простор и вадење на маската во моментот кога учениците излегуваат надвор во училишниот двор. ар/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан