• сабота, 23 ноември 2024

Царовска: СДСМ гради сегашност и иднина, не смееме да дозволиме други да го кочат овој процес

Царовска: СДСМ гради сегашност и иднина, не смееме да дозволиме други да го кочат овој процес
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) - Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вечерва се сретна со жителите на Општина Карпош, со кои разговараше за реализираното во изминатиот период, како и за новите проекти, предизвици и очекувања од граѓаните. - Во изминатите 4 години се работеше вредно и напорно во секоја општина во државата, секако со силна поддршка од централната власт. Оваа силна динамика што ја воспоставивме, мора да продолжи и во следниот мандат. Не смееме да дозволиме никој друг да ни ги кочи процесите и проектите кои ги спроведуваме, а кои се исклучиво во интерес на граѓаните, рече Царовска. Царовска истакна, дека изминатиот период се реализирале проекти и процеси кои според неа се од огромно значење за децата, младите, но и за секој граѓанин. - Во населба Бардовци изградивме целосно нова градинка со капацитет за 78 деца, со вкупна вредност од над 28 милиони денари. Одговоривме на барањата на родителите и изградивме целосно нов објект во градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, но и го реконструиравме. Исто така, во тек е изградба на градинка во Карпош 3, со капацитет за 100 деца, потенцира Царовска. Таа фодаде дека дополнително, во сите 10 основни училишта во Карпош се опремуваат кабинети по природни науки, дека се обезбедени со сензорни соби, како и дека од оваа учебна година на располагање на учениците со попреченост од Општина Карпош се и 30 образовни асистенти. Царовска посочи и дека не изостанува и грижата за младите и за студентите, при што со 157,2 милиони денари е завршена адаптација и санација на на блоковите В и Г од Студентскиот дом Гоце Делчев. - И не треба да продолжам да кажувам што е најдоброто и кој покажува вистинска грижа. Тоа го гледаме секој ден, го чувствуваме во позитивните промени. Затоа ве повикувам на 17 октомври да го заокружите бројот 12 и да гласате за Душко Весковски и кандидатската листа на СДСМ и коалицијата. Гласајќи за „Најдоброто за мојата општина“, обезбедувате, континуитет на позитивните промени и за подобар живот на сегашните и идните генерации во Карпош“, порача Царовска. свс/сп/

Остани поврзан