• среда, 25 декември 2024

Царовска: Родовата рамноправност е придобивка за целото општество, ги елминираме случаите на дискриминација во основното образование

Царовска: Родовата рамноправност е придобивка за целото општество, ги елминираме случаите на дискриминација во основното образование
Скопје, 7 март 2021
Ако споредиме што се е направено во овој период зад нас, ние сме светлосни години понапред во делот на женските права во однос на 2015 или 2016 година, денес ние живееме во многу порамноправно општество и тоа не само во легислативата, туку работите се менуваат и во пракса, порача вечерва потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на онлајн трибина организирана од Форумот на жени по повод Меѓународниот ден на жената - 8 март.
-Главна придобивка е дека за првпат пат зборуваме дека родовата рамноправност или феминистичките политики не се однесуваат на борбата против мажите и жените или превласт на жените врз мажите, туку дека тоа е придобивка за доброто на општеството и дека од унапредувањето на правата на жените во едно општество, добиваат и мажите. И сметам дека тоа е основата за политиките понатаму да можат вистински да се имплементираат, посочи Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека еден од начините за унапредување на статусот на жената и поголема заштита од родово базираното насилство е низ системот на образование уште во основното образование.
-Во новата концепција на основното образование еден од трите столба е родовата рамноправност. Тоа е важно затоа што ние се уште имаме учебници кои се полни со дискриминација врз основа на род. И затоа ако државата носи закони за недискриминација на жените, тогаш и образованиот систем треба да се менува. Затоа сме посветени сите оние измени што државата и собранието ги носат како законски измени, да ги вметнеме во образованието, заклучи Царовска.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ    ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан