• четврток, 26 декември 2024

Царовска на средба со директорите на основните училишта за имплементацијата на новите наставни програми

Царовска на средба со директорите на основните училишта за имплементацијата на новите наставни програми
Скопје, 19 април 2021 (МИА) - Директорите на основните училишта на денешната онлајн средба ја информираа министерката за образование и наука Мила Царовска дека за учебната 2021/2022 фокусот го ставаат на подготовки за реализација на наставните програми за прво и за четврто одделение, соопшти МОН. -Училиштата веќе работат на обезбедување на потребните ресурси за да можат првооделенците и четвртооделенците максимално да ги исползуваат придобивките на новите наставни програми. Очекувам повисок квалитет на настава, затоа што наставните програми обезбедуваат реализација на сродни теми од различни наставни предмети, секаде каде што е можно. Тие го поттикнуваат учењето со разбирање, развивањето на критичкото мислење и креативноста. Следат обуки на наставниците кои ќе ги реализираат програмите, истакна министерката Царовска. Директорите на средбата дополнително информирале за текот на наставата и за другите активности поврзани со воспитно-образовниот процес.свс/са/

Остани поврзан