• сабота, 23 ноември 2024

Царовска на состанок со директорите на училиштата: Успешно започна новата учебна година со физичко присуство

Царовска на состанок со директорите на училиштата: Успешно започна новата учебна година со физичко присуство
Скопје, 1 септември 2021 (МИА) - Oсновните и средните училишта успешно ја започнаа новата учебна година со физичко присуство, под пропишаните мерки за заштита и Протоколи. Во училиштата се обезбедени безбедни услови, а состојбата се менаџира на дневно ниво. Ова беше заклучокот од денешниот редовен состанок на директорите на основните и на средните училишта попладнево со министерката за образование и наука Мила Царовска. Како што соопштија од Минстерството за образование и наука, генерално образовниот систем е добро подготвен и без потешкотии се се спроведува според планот. - Би сакала да ви честитам на сите за максималниот ангажман за успешниот почеток и да продолжиме да работиме со истата посветеност и ентузијазам понатаму. Целта ни е заедничка, а тоа е квалитетно и современо образование за секое дете. Сите ние видовме колку е важно да се биде во училница, затоа апелирам на доследно почитување на протоколите, рече министерката Царовска. Министерката посочи дека образовниот систем е подготвен со уште две резервни сценарија, а дали и кога ќе се применуваат ќе зависи од епидемиолошката состојба, за што проценка ќе прави и ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести. Како што соопштија од МОН, на состанокот се разговарало и за стартот на имплементацијата на реформските процеси, од оваа учебна година во прво и четврто одделение. Директорите ја информирале министерката дека ги имаат обезбедено сите потребни дидактички материјали, нагледни средства, таблети и интерактивни табли кои се предвидени со новата наставна програма. Исто така, започнува спуштањето на дигиталните учебници до учениците од четврто одделение, а на првачињата веќе им се делат учебниците. Учебници добија и учениците од другите одделенија кои ќе работат по старите наставни програми. Учебната година ја започнaa околу 187 илјади основци и 70 илјади средношколци.бт/са/  

Остани поврзан