• четврток, 19 декември 2024

Царовска и Мартенс во посета на стручни училишта во Велес и Кавадарци

Царовска и Мартенс во посета на стручни училишта во Велес и Кавадарци
Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Министерката за образование и наука, Мила Царовска и  директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс денеска ќе одат во работна посета на училиштата  и компаниите партнери  во градовите  Велес и Кавадарци  каде се  спроведува  програмата за дуално стручно образование по германски модел. Оваа програма ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија во седум града во  соработка со седум средни стручни училишта и 12 компании. Во  Велес,  Царовска и Мартенс ќе ги посетат компаниите партнери Брако и  Маркарт , како и средното стручно училиште „Коле Неделковски“ каде учениците  се обучуваат во струката Техничар за производно машинство. Во  Кавадарци тие ќе го посетат средното стручно училиште „Киро Спанџов-Брко“ каде учениците се обучуваат во струката Техничар за индустриска мехатроника, а практичната обука ја извршуваат во компанијата   Дрекселмајер, соопштија од Делегацијата на германското стопанство. вг/нд/

Остани поврзан