• петок, 27 декември 2024

Царовска ги демантира тврдењата за укинување на групата по македонски јазик на Филолошки

Царовска ги демантира тврдењата за укинување на групата по македонски јазик на Филолошки
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - Министерката Мила Царовска преку статус на социјалната мрежа Твитер најостро ги демантира тврдењата на професорката Јасна Котеска, која обвини дека министерката планирала да ја укине групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет. - Најостро ги демантирам тврдењата на Јасна Котевска, повикувам да запре ширењето на дезинформации, стои во статусот на министерката. Таа додава дека ниту се планирало, ниту ќе се укинува групата македонски јазик на Филолошкиот факултет. - Ова е чиста лага, граѓаните да не подлегнуваат на овие шпекулации, порача Царовска. Инаку, во својата информација професорката објавува дека со новата стратегија за образование на Филолошкиот факултет при УКИМ требало да се воведат две научни гранки, а да се укине македонскиот јазик. свс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан