• среда, 25 декември 2024

Царовска во Берово и Пехчево: Го јакнеме животниот стандард, за младите вработени во производство по 3.000 денари месечно

Царовска во Берово и Пехчево: Го јакнеме животниот стандард, за младите вработени во производство по 3.000 денари месечно
Скопје, 06 февруари 2020 Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Берово и Пехчево со кои разговараше за реформите и мерките спроведени од Владата предводена од СДСМ. „Со мерката младински додаток вложуваме во младите и ги мотивираме да работат во производствената дејност. Оваа мерка стартува од идната недела и со неа на младите до 23 години ќе им се исплаќа месечно по 3.000 денари. Ги повикувам младите вработени во производство и земјоделство да се пријавуваат во Центрите за вработување, а парите ќе им се уплаќаат директно на нивните трансакциските сметки”, рече Царовска. Таа истакна дека изминатите две и пол години силно се работеше на искоренување на сиромаштијата. „Социјална помош ја зголемивме во просек за 300%. За две и пол години минималната плата ја зголемувме за 60% и сега изнесува 14.500 денари, а плата над 18.500 денари земат 306 илјади вработени. Пензијата на секој пензионер порасна за 722 денари. Продолжуваме да ја движиме економијата и државата напред”, рече потпретседателката Царовска. Владата предводена од СДСМ продолжува со посветена работа да ја движиме економијата напред и да го поддржуваме бизнис сектор со различни програми и мерки. Сето тоа го прави со силен социјален дијалог. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ———————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан