• четврток, 26 декември 2024

Царовска: Вмрежувањето е клучна вештина, овозможува размена на идеи и позитивно влијае врз процесите

Царовска: Вмрежувањето е клучна вештина, овозможува размена на идеи и позитивно влијае врз процесите

11 јуни 2023 

Почитувани,

Директорката на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој - SIGA, Мила Царовска на вториот модул од Академијата за јавни политики „Од идеја до реализација“ потенцираше дека личниот интегритет, искреноста и моралот се најважни во секоја професија, без разлика дали станува збор за бизнисот, или пак, за политиката, поради тоа што овие квалитети сите нас не дефинираат како личност.  

„Секогаш држите се до овие вредности, затоа што доколку се направат злоупотреби - враќање назад од ова нема. Кога правите целокупен план како одредена идеја да ја креирате во јавна политика, особено внимавајте во делот на финансиите. Размислете што е тоа што сакате да го направите при основањето на бизнис, или активирање во политиката, а што и да одлучите бидете чесни и одговорни, верувајте во себе, но верувајте им и на другите. Знаењето, тимската работа, комуникацијата, довербата и мотивацијата се важни компоненти што ќе помогнат да се вмрежите и да добиете поддршка за вашата идеја. Вмрежувањето е клучна вештина, овозможува размена на идеи и позитивно влијае врз процесите. Чест ми е што како прва генерација на учесници од оваа Академија имате знаење, лични, морални и професионални вредности и верувам дека во иднина ќе направите позитивни промени во општеството“, порача Царовска.

На Академијата за јавни политики, свое учество зедоа и основачот на политичкиот стартап (политичко движење) „Прогресивна Словачка”, претприемач посветен на иновации, инвестирање во технолошки компании и ментроство на млади таленти Иван Штефунко, проект координаторката во Фондација Фридрих Еберт Нита Старова, претседателката на здружението „Гласен текстилец” Кристина Ампева, извршната директорка на граѓанското здружение „Конект” Никица Кусеникова, маркетинг и бизнис стратег Дарјан Раденковиќ којшто е основач на Агенцијата за стратешки комуникации Жар Птица и тим билдинг експертот Владо Караев.

Преку едукативни, интерактивни обуки и работилници учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за управување со процесите, подигнување на свеста околу одредени општествени состојби, донесување на одлуки кои треба одредена идеја да ја преточат во јавна политика.

Оваа Академија е во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт” и Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој „SIGA”. 

Асоцијација за одржлив и инклузивен развој - SIGA 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: „SIGA“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан