• сабота, 28 декември 2024

Царинска управа: Спречен обид за нелегален влез на мигранти по контрола на товарно возило кое патувало за Франција

Царинска управа: Спречен обид за нелегален влез на мигранти по контрола на товарно возило кое патувало за Франција

Скопје, 10 јули 2023 ( МИА) – Царински инспектори од Одделението за оперативни работи, спречија обид за нелегален влез на четворица мигранти по контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Богородица чија крајна дестинација била Франција.

Мигрантите, како што соопштија од Царинската управа, биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од нив согласно нивната изјава се од Сиера Леоне, а едно лице од Нигерија.

-Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.  Граничната контрола, спречување меѓународен криминал и безбедноста на државата и натаму останува императив во работата на Царинската управа, се наведува во соопштението. љм/дма/

Фото: Царинска управа

 

 

Остани поврзан