• вторник, 12 ноември 2024

Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк

Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк

Белград, 28 мај 2024 (МИА) - Српските цариници на граничниот премин Прешево со Северна Македонија спречија шверц на девет черепи и шест кожи на заштитени видови дивокоза и волк, јави дописникот на МИА од Белград.

Во соопштението на Царината на Р. Србија се наведува дека сето тоа било пронајдено во празен камион со странски регистрации на влезот во Србија.

Пронајдени се пакувања со девет животински черепи, од кои седум со рогови од дивокоза и два од волци.

Откриени се и шест сурови кожи, од кои четири се на дивокоза, а две на волци.

Канцеларијата за спроведување на конвенцијата „CITES“ на Министерството за заштита на животната средина на Србија потврди дека се работи за животни кои се на списокот на видови заштитени со таа конвенција.

За прекуграничен сообраќај на диви загрозени и заштитени видови, како и нивните деривати - кожа, крзно, рогови, канџи и други трофеи и сувенири, покрај вообичаената документација, потребна е и посебна CITES дозвола. об/мд/

 

Остани поврзан