• среда, 13 ноември 2024

Царинска управа: Запленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје

Царинска управа: Запленети непријавени 50.600 евра на Аеродром Скопје

Скопје, 7 декември 2023 (МИА) - Запленети биле 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје, не ги пријавил кај царинските службеници.

- Патникот кој патувал од Истанбул, на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот багаж му биле пронајдени девизни средства во износ од 60.600 евра, појаснуваат од Кабинетот на директорот на Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот му биле вратени 10 илјади евра, а останатите со судска пресуда се одземени од лицето. бд/дма/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан