• среда, 25 декември 2024

Царинската управа поднесе кривични пријави против фирмата увозник и цариникот за случајот со мобилните телефони

Царинската управа поднесе кривични пријави против фирмата увозник и цариникот за случајот со мобилните телефони

Скопје, 22 март 2024 (МИА) -  Секторот за контрола и истраги при Царинската управа поднесе кривична пријава против правното лице и управителот поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Царинска измама“. Исто така, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа поднесе кривична пријава против царински службеник поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

-Кривичната пријава против правното лице и управителот е поднесена поради основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Царинска измама“, на начин што пријавениот се обидел да увезе стока што се разликува од стоката во царинската декларација која била оцаринета и со тоа нанел штета на Буџетот на РСМ, соопшти Царинската управа. 

Кривичната пријава против царинскиот службеник, се наведува во соопштението, е поднесена поради сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Кривичното дело го сторил на тој начин што со неизвршување на својата службена должност, не постапил согласно важечките закони и прописите на Царинската управа и овозможил наплата на царински и други давачки во помал износ отколку што реално требало да се наплати и со тоа нанел штета на државниот буџет. Исто така, против царинскиот службеник е поднесена суспензија на работното место.

-Царинската управа испраќа јасна порака дека има искрени заложби во борбата за нулта толеранција за криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот мора да одговора, информира Управата. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан