• среда, 25 декември 2024

Цапак: Ситуацијата во Задар ќе се закомплицира ако Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19

Цапак: Ситуацијата во Задар ќе се закомплицира ако Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19
Загреб, 23 јуни 2020 (МИА) - Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, епидемиологот Крунослав Цапак денеска изјави дека епидемиолошката ситуација во Задар дополнително ќе се закомплицира доколку српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19. Тој истакна дека Ѓоковиќ за време на тенискиот турнир Адриа во Задар бил во контакт со многу луѓе, а доколку тој е позитивен, другите ќе мора да бидат во самоизолација. Цапак наведе и дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема потреба да биде во самоизолација, бидејќи тој немал физички контакт со Ѓоковиќ, туку само се поздравиле, а средбата иако била во затворен простор траеле помалку од три минути. - Премиерот превентивно се тестира и тој е негативен, посочи Цапак. Задар стана жариште на новиот коронавирус откако беше објавено дека учесникот на Адриа тур, бугарскиот тенсер Григор Димитров е позитивен на Ковид-19. Во неделата 22 лица се тестираа, од кои тројца се позитивни. Покрај хрватскиот тенисер Борна Ќориќ, позитивни се и кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники и тренерот на Димитров, Кристија Гро. За сега над 80 луѓе се во самоизолација. ми/

Остани поврзан