• сабота, 27 јули 2024

„Хјуман рајтс воч“: Израелските сили извршија најмалку осум напади врз хуманитарните работници

„Хјуман рајтс воч“: Израелските сили извршија најмалку осум напади врз хуманитарните работници

Њујорк, 14 мај 2024 (МИА) - Израелските сили ги нападнале хуманитарните работници и нивните конвои најмалку осум пати, убивајќи најмалку 15 луѓе, вклучително и деца, од почетокот на војната во Газа, според „Хјуман рајтс воч“.

Меѓународната организација за човекови права со седиште во Њујорк соопшти дека хуманитарните групи ги дале своите координати на израелските власти за проверка.

Немаше претходно предупредување за нападите, во кои беа ранети и најмалку 16 лица.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања соопшти дека повеќе од 250 хуманитарни работници се убиени од почетокот на војната, повеќето од нив Палестинци вработени во Агенцијата за бегалци на ОН (УНРВА), која е главен снабдувач на Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан