• сабота, 23 ноември 2024

Хутите објавија дека гранатирале танкер во Црвеното Море и израелски град

Хутите објавија дека гранатирале танкер во Црвеното Море и израелски град

Сана, 19 март 2024 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути го гранатираа танкерот МАДО во Црвеното Море со поморски ракети, како и областа на израелскиот град Еилат со крстосувачки ракети, изјави портпаролот на воената група Јахја Сарија.

МАДО е танкер за природен гас под знамето на Маршалските Острови кој патува од Саудиска Арабија до Сингапур, покажува системот за следење на морскиот сообраќај.

Бунтовниците Хути, поврзани со Иран, постојано истрелуваат беспилотни летала и проектили насочени кон меѓународните комерцијални бродови во Црвеното Море од средината на ноември, велејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците против воените акции на Израел во Појасот Газа.

Нападите го нарушија глобалното транспортирање, принудувајќи ги компаниите да преземаат подолги и поскапи патувања минувајќи јужно од Јужна Африка.

САД и Велика Британија одговорија со воздушни напади врз Хутите. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан