• сабота, 23 ноември 2024

Хуркач спаси меч-топка против Рубљев и го освои Мастерсот во Шангај

Хуркач спаси меч-топка против Рубљев и го освои Мастерсот во Шангај

Шангај, 15 октомври 2023 (МИА) - Светскиот рекет број 17, Хуберт Хуркач, денес во финалето во Шангај го победи 7. На АТП ранг-листата, Андреј Рублев од Русија со 6:3, 3:6, 7:6 (8). Во тајбрејкот Рубљев водеше со 5:2, имаше и меч топка на 6:5, но на крајот се радуваше полскиот тенисер.

Хуркач на овој турнир сервираше најмногу асови - 98.

Тој го освои својот втор Мастерс, по Мајами во 2021 година. Генерално, ова е седма АТП титула во неговата кариера.

Дваесет и шестгодишниот Полјак е единствениот надвор од Топ 10, кој успеал да освои  Мастерсот во 2023 година.

На утрешната ранг-листа, Хуркач ќе напредува шест позиции и ќе биде на 11.место.  Рубљев и покрај поразот ќе се врати на најдобриот пласман во кариерата – 5. место. зс/

Фото: Твитер

Остани поврзан