• недела, 28 јули 2024

Хуркач го совлада Медведев во финалето во Хале

Хуркач го совлада Медведев во финалето во Хале
Хале, 19 јуни 2022 (МИА) – Полјакот Хуберт Хуркач го освои АТП тенискиот турнир во Хале, откако попладнево во финалето го совлада првиот носител, Русинот Данил Медведев, со 6-1, 6-4. Хуркач до титулата дојде со фантастичен тенис и комплетно го надигра најдобриот светски тенисер. Полскиот тенисер во финалето дојде до победата за 63 минути игра и ја освои петтата титула во кариерата, играјќи го своето петто АТП финале. За Русинот Медведев ова беше 25 финале во кариерата и 12 пораз. ег/ар/

Остани поврзан