• сабота, 23 ноември 2024

Хунтата во Нигер му нареди на францускиот амбасадор да ја напушти земјата

Хунтата во Нигер му нареди на францускиот амбасадор да ја напушти земјата

Нијамеј, 25 август 2023 (МИА) - Воената хунта во Нигер, која ја презеде власта со државен удар на 26 јули, денеска му нареди на францускиот амбасадор Силвен Ито да ја напушти земјата во рок од 48 часа, соопшти Министерството за надворешни работи.

Одлуката за протерување на францускиот амбасадор е делумно донесена поради неговото одбивање да одговори на поканата за средба со министерот за надворешни работи на Нигер, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека и други дејствија на француската Влада се во судир со интересите на Нигер, но не се дадени дополнителни детали. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан