• вторник, 24 декември 2024

Хунтата во Габон го назначи Рејмонд Ндонг Сима за премиер во преодната влада

Хунтата во Габон го назначи Рејмонд Ндонг Сима за премиер во преодната влада

Либревил, 7 септември 2023 (МИА) – Владејачката хунта во Габон денеска го назначи поранешниот опозициски лидер Рејмонд Ндонг Сима за премиер во преодната влада.

Армиските офицери на државната телевизија прочитаа указ со кој беше објавено именувањето на Сима за премиер.

Сима, 68-годишен економист, беше отворен критичар на претседателот Али Бонг, кој беше соборен од воените офицери со државен удар на 30 август.

Сима беше премиер од 2012 до 2014 година, а потоа поднесе оставка и се кандидираше за претседател против Али Бонг во 2016 година и повторно годинава како дел од опозициската коалиција. Бонго беше на власт од 2009 година, а го наследи својот татко Омар Бонг кој владееше 42 години.

Генералот Брис Нгуема во понеделникот положи заклетва како привремен претседател.

Нгуема вети економски реформи и рече дека сака да одржи слободни и фер избори, без да прецизира кога.

Бонго беше во домашен притвор по пучот, но хунтата во средата соопшти дека тој е слободен и може да отпатува во странство на медицински прегледи доколку сака. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан