• сабота, 23 ноември 2024

Хумелс ќе го напушти Дортмунд

Хумелс ќе го напушти Дортмунд

Дортмунд, 14 јуни 2024 (МИА) - Триесет и пет-годишниот централен дефанзивец на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс ќе го напушти тимот по истекот на неговиот договор, што и официјално ќе се случи на крајот на овој месец. Причината е скандал со селекторот Един Терзиќ

Неговата одлука не се промени ниту откако стана јасно дека Терзиќ и Борусија ќе ја прекинат соработката.

Претходно во медиумите се појави информација дека Терзиќ е крајно незадоволен од коментарите на Хумелс, кој во пресрет на финалето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид, загубено од „жолто-црните“ со 0:2, го критикуваше тренерот за срамното петтото место, на кое тимот заврши во Бундеслигата.

Во моментов се шпекулира дека Хумелс може да се пресели во италијанската Серија А каде ќе го носи дресот на Милан или Рома. дс

Фото: Архива

Остани поврзан