• вторник, 26 ноември 2024

Хуманитарна помош со 700 камиони храна тргна кон 14 региони во Судан погодени од глад

Хуманитарна помош со 700 камиони храна тргна кон 14 региони во Судан погодени од глад

Картум, 26 ноември 2024 (МИА) - Повеќе од 700 камиони со храна тргнаа на пат кон областите во Судан погодени од глад, изјави портпаролката на Светската програма за храна Лени Кинсли.

-Камионите ќе пренесат вкупно околу 17.500 тони хуманитарна помош, што е доволно да се прехранат 1,5 милиона лица во текот на еден месец, рече Кинсли, пренесена од британските медиуми.

Таа додаде дека суданската Комисија за хуманитарна помош досега има издадено околу 700 одобренија, со што е овозможена помош за тешко достапните области.

Конфликтот меѓу армијата и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), што трае од април 2023 година, предизвика глад и болести низ целата земја.

Двете страни се обвинети за прекин на испораката на помош - на армијата поради бирократски доцнења, а на РСФ поради грабеж на хуманитарни конвои.

Поголемиот дел од помошта ќе оди во 14 области погодени од глад, вклучувајќи го и бегалскиот камп Замзам, во регионот Дарфур.

Првата пратка храна пристигнала во кампот во петокот, што предизвикало ентузијазам кај луѓето кои претходно јаделе мелени лушпи од костен, обично наменети за добиточна храна, посочува агенцијата.

Вториот конвој во моментов е оддалечен од кампот околу 300 километри. сд/

Остани поврзан