• петок, 27 декември 2024

Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село, посебен сообраќаен режим во Скопје

Хуманитарна ИТ трка на СОС Детско село, посебен сообраќаен режим во Скопје
Скопје, 25 септември 2022 (МИА) - Во организација на СОС Детско село денеска ќе се одржи хуманитарна ИТ трка на која ќе учествуваат вработени од ИТ компании. Трката ќе почне во 9 часот од вело патеката на Кејот на Вардар кај хотелот „Александар Палас“, а ќе заврши кај паркот Авионче во Ново Лисиче околу 12 часот. На финишот на трката ќе се одржи едночасовен настан чија цел ќе биде да се зближат учесниците на трката со децата и младинците поддржани од СОС Детско село. Поради трката во главниот град, од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. - Трасата на движење се протега на дел од велосипедската патека на кејот на реката Вардар, почнувајќи од мостот на Вардар на бул.„8 Септември“, во близина на хотелот „Александар Палас“, па сѐ до мостот на Вардар на бул.„Киро Глигоров“, во близина на хотел „Хилтон“, информираат од Министерството за внатрешни работи. сх/бак/

Остани поврзан